Драгана Петковска има нов клуб – ќе брани за АЕК Атина!

Македонската репрезентативка Драгана Петковска во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик во кариерата.

Петковска потпиша договор на една сезона со амбициозниот тим на АЕК Атина од јужниот сосед на Македонија.

26-годишната голманка кариерата ја започна во школата на Индира Кастратовиќ, потоа настапуваше за првиот и втор тим на Вардар. По одличните настапи за „црвено-црните“ започна да гради интернационална кариера во Данска.

Беше дел од турскиот Андерсен, како и данските суперлигаши Силкеборг и Сондерјиске. По авантурата во Данска, бранеше за српската Јагодина и за израелскиот Макаби Ришон Ле Зион.

Со Вардар беше дел од Лигата на шампионите, а со вториот тим на „црвено-црните“ настапуваше во тогашниот Челинџ Куп.