Дојдов, видов, победив – Хрватите ќе патуваат во Шпанија на неколку часа пред натпреварот

Машката репрезентација на Хрватска нема да губи време на аеродроми и по хотели пред дуелот од ЕХФ Евро Купот против Шпанија.

Хрватите ќе патуваат за Мадрид со чартер лет утре на денот на натпреварот, и по краток одмор и ручек, веднаш ќе го одиграат дуелот со европскиот првак.

Селекторот Лино Червар направи неколку измени во споредба со првиот меч, па во ростерот ќе бидат Мануел Штрлек, Илија Брозовиќ, Шиме Ивиќ и Јосип Шарац.

Во Загреб ќе останат Марин Шего, Ловро Михиќ, Марин Шипиќ, Иван Мартиновиќ и Халил Јагањац.

По крајот на дуелот со Шпанија во Мадрид, Хрватите во сабота навечер се враќаат во Загреб и во престолнината ќе ги одработат завршните подготовки пред патот за Египет.

Натпреварот меѓу Шпанија и Хрватска се игра утре од 18:00 часот.