Дојде како прв голман во Вардар, сега префрлен во вториот тим!

Летонскиот репрезентативен чувар на мрежата Артурс Кугис, дојде во Вардар лани летоска да го замени Дејан Милосављев кој замина во Фуксе Берлин.

Кугис се бореше со Калифа Гедбан за минутажа, но не ги прикажа партиите што се очекуваа од него, а згора на тоа подолго време се бори и со повреди.

По доаѓањето на Борко Ристовски, конкуренција на голманската позиција е голема, па затоа Кугис тренира со Вардар Јуниор. Оваа информација ја потврдија неколку од играчите на вториот тим.

Неофицијално дознаваме дека му била понудена и можноста тој да потпише со Вардар Јуниор, но го одбил тоа.

Неговиот сонародник Даинис Кристопанс веќе си замина од Вардар и до крајот на сезоната ќе игра во Фуксе Берлин.