Добри вести за фановите, на трибините во Келн двојно повеќе гледачи

Сабота и недела носат нови ракометни возбудувања, а во центарот на вниманието ќе бидат натпреварите од завршницата во Лигата на шампионите.

Во Келн се играат последните четири натревари за оваа сезона, а новата вест ќе ги израдува фановите бидејќи на овие средби ќе има зголемен број на навивачи во однос на она што беше најавено.

Место 500 на трибините ќе се најдат 1000 гледачи така што ќе има поголем број на публика од она што беше најавено.

Како што е познато на овој Ф4 турнир ќе играат Барселона против Нант, а ПСЖ против Алборг во полуфиналињата.