Доаѓа викенд со нови возбудувања во македонската елита

Викендов во македонската елита ќе стартува 3. коло, во кое се очекува да има неколку возбудливи натпревари.

Новото, 3. коло ќе започне со дуел меѓу екипите на Вардар и Пролет, кои силите ќе ги одмерат во СЦ „Јане Сандански“.

Вардар минатиот викенд славеше во дерби дуелот против Еурофарм Пелистер, додека Пролет триумфираше над незгодниот Прилеп.

Тимот на Куманово, кој во првите две кола беше поразен од дебитантот Аеродром и Струга, пред својата публика ќе игра со Охрид.

Ракометарите на Стевче Алушовски се големи фаворити на оваа средба и се очекува без многу проблеми да ја запишат втората победа во новата сезона, бидејќи во Куманово одново се појавија проблемите со играчкиот кадар.

Амбициозниот тим на Прилеп на свој терен ќе го пречека Вардар Неготино, тим кој моментално е без бодови во новата сезона. Вардар Неготино, кој во минатата сезона го сочува суперлигашкиот статус преку бараж дуел, ќе треба да даде повеќе од потребното за да ја запише првата сезонска победа.

Избраниците на Божидар Мојсов во првото коло го изненадија Бутел Скопје, во вториот натпревар дадоа отпор против Пролет и во саботниот дуел со Вардар Неготино ќе влезат мотивирано, со цел да ги освојат новите бодови на домашен терен, но и да ги сочуваат шансите за добар пласман во својата група.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофрарм Пелистер, во рамки од 3. коло ќе игра против Голден Арт. Битолскиот тим поради густиот распоред со настапи на домашна и меѓународна сцена, денес ќе го одигра заостанатиот натпревар од второто коло против Мулти Есенс.

На програмата во недела има три суперлигашки дуели. Алкалоид во Автокоманда го пречека Еурофарм Пелистер 2. Тимот на Кире Лазаров е истакнат фаворит против младите битолчани, кои во второто коло ја запишаа првата победа триумфирајќи над Скопје.

Тимот на Скопје првите бодови ќе ги бара против дебитантот Аеродром. Во новото скопско дерби не очекуваат интересни 60 минути, со оглед на тоа што двете екипи располагаат со сличен квалитет.

Стружани ќе гостуваат во Кавадарци кај Тиквеш и ќе посакуваат да врзат две победи во низа. Тимот на Наум Танески минатиот викенд го совлада Куманово, додека Тиквеш доминираше на гостински терен кај Аеродром.

Третото коло ќе биде затворено со натпревар меѓу Мулти Есенс и Бутел Скопје. Овие две екипи ќе се сретнат на 25 септември.

Супер лига, 3. коло, распоред:

Група А
23/09, 13:00 часот, Куманово – Охрид
24/09, 12:00 часот, Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2
24/09, 13:30 часот, Скопје – Аеордром
24/09, 18:00 часот, Тиквеш – Струга

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122

Група Б
23/09, 12:30 часот, Вардар – Пролет
23/09, 18:00 часот, Голден Арт – Еурофарм Пелистер
23/09, 18:30 часот, Прилеп – Вардар Неготино
25/09, 18:00 часот, Мулти Есенс – Бутел Скопје

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126