Дисингер реагира: Ќе го одработам до крај договорот со Вардар!

По шпекулациите дека и германскиот интернационалец Кристијан Дисингер ќе си замине од Вардар по Атман и Кристопанс, се огласи левиот бек кој е во фаза на рехабилитација.

„Шпекулациите не се точни. Не сакам да го раскинам договорот со Вардар и се надевам на успех со клубот“, вели Дисингер.

Тој се повреди на крајот на сезоната на мечот од Лигата на шампионите против белорускиот Брест и оттогаш паузира од ракометните терени. Неговиот договор со „црвено-црните“ е до крајот на оваа сезона.

Лани исто така паузираше во овој дел од сезоната, но се врати за четвртфиналните двобои со ПИК Сегед и за дуелите со Барселона и Веспрем на Ф4, каде имаше добри партии.