Динамо ја собра цела Барселона – Славниот голман е нов спортски директор

Претставникот на Романија во Лигата на шампионите, Динамо Букурешт продолжува да го засилува стручниот штаб, а ново лице е поранешниот спортски директор на Барселона, Давид Баруфет.

Прославениот голман на Шпанија соработуваше со тренерот Чави Пасквал и во Барселона, па сега продолжува со соработката во нов клуб, а Динамо добива голем и важен играч во стручниот штаб.

„Чест ми е што се приклучувам на тимот на Динамо и многу сум благодарен за довербата која ми ја укажа претседателот. Многу сум среќен што повторно ќе работам со Пасквал. Ќе се обидам да му помогнам на тимот на Динамо да расте и сигурен сум дека тука ги имаме сите услови да го направиме најдоброто. Ќе дадам сè од себе секој пат да бидеме сè подобри и подобри и во интерес на тимот“, вели Баруфет.

Со своето искуство Баруфет сигурно ќе придонесе многу за развојот на клубот. Инаку, тој си замина од Барса заедно со Пасквал, но досега беше без ангажман.