Димковски одигра одлично против Летонија и доби МВП признание!

Кадетската машка репрезентација на Македонија со три победи на ЕХФ шампионатот во Летонија оди во полуфиналето.

Последниот триумф во групата беше над домаќинот со 33-23, а еден од најдобрите на теренот беше средниот бек Томислав Димковски.

Тој успеа да постигне шест погодоци со одлична реализација и беше прогласен за МВП на натпреварот.

Македонија сега го чека противникот за полуфинале, а тоа ќе биде поразениот од средбата меѓу Швајцарија и Луксембург.