Димитриевски и Емсдетен со нов убедлив триумф во втората Бундес лига

Екипата на Емсдетен каде што настапува мекдонскиот интернационалец Дарко Димитриевски оствари нова победа во втората Бундес лига и го совлада тимот на Рошток со 28:19.

Димитриевси и соиграчите имаа убедливо издание и доминираа во текот на целиот натпревар. Уште на полувреме имаа добра предност кога водеа 14:9.

Дарко Димитриевски постигна два гола на овој дуел, а зад неговот име запиша и три асистенции.

Ова беше петта победа во првенството, а во следното коло Емсдетен и Димитриевски ќе гостуваат на екипата на Есен.