Дибиров се потсети на ланското чудо: Помина една година, но тој ден никогаш нема да го заборавам!

Вардар пред една година во „Ланксес Арена“ ја освои втората европска шампионска титула со победата над Веспрем.

Првата секогаш ќе остане прва, но оваа од лани има поинаков сјај, ако се знае со какви проблеми се соочува вардарци на патот до Келн.

Руското крило Тимур Дибиров се потсети на завршниот турнир пред една година и вели дека никогаш нема да го заборави.

„Помина една година, но овој ден никогаш нема да го заборавам. Не само поради победата, туку бидејќи тоа беше победа на нашиот спорт. Докажавме дека ништо не е важно кога си на теренот. Во тие 60 минути не постојат проблеми во животот. Овој успех ме потсети кога како деца тргнавме да тренираме ракомет. Остана во нас да живее таа детска желба еден ден да дојдеш до врвот и да го кренеш трофејот“, изјави Дибиров за „Балкан Хендбол“.

Дибиров и во новата сезона ќе биде дел од „црвено-црниот“ тим.