Дибиров: Секоја ваква шлаканица на почетокот на сезоната добро доаѓа

Вардар имаше слабо издание во првиот официјален сезонски натпревар и загуби од Еурфарм Пелистер со 22:31. Ниту играчите ниту тренерот не се задоволни но очекуваат подобри изданија.

Тимур Дибиров потврди дека Вардар не беше на потребното ниво, но секако во продолжение на сезоната очекува многу поквалитена игра, особено откако екипата ќе биде комплетна.

„Многу сме разочарани од овој прв натпревар, не заради поразот бидејќи сега е период на подготовки туку од начинот на кој изгубивме. Првото полувреме не беше толку лошо, но во второто полувреме паднавме во играта. Сите знаеме дека заради правилото за странци не можевме да сметаме на уште пет-шест играчи, тоа се одрази на ротацијата и не можевме да го задржиме нивото. Секоја ваква шлаканица на почетокот на сезоната добро доаѓа затоа што можеме да ги видиме грешките и на кои аспекти на играта треба да работиме. Знаеме дека ќе биде тешка сезона, секоја сезона ја почнуваме на ваков начин, веројатно тоа стана наша шема да почнуваме полека и понатаму верувам дека ќе биде подобро. Не треба да за наведнеме главата туку да работиме уште подобро од порано, без разочарувања и нервози, само работа и работа“, изјави Дибиров после натпреварот.

Веќе од четврток Вардар ќе настапува на турнирот во Струга, а главен конкурент за титулата повтрно ќе им биде составот од Битола, Еурофарм Пелистер.