Дибиров котира високо во ЛШ, веќе е во Топ 3 стрелци

Првиот стрелец во редовите на Вардар, Тимур Дибиров после пет одиграни натпревари во Лигата на шампионите има 30 погодоци, а со нив котира високо бидејќи во моментов се наоѓа на 3. позиција.

Дибиров се наоѓа зад Дика Мем од Барселона и Микел Хансен од ПСЖ. Мем имаше одлична партија во последното коло против тимот на ПСЖ и веќе има 38 погодоци, додека Хансен има само еден гол повеќе од Дибиров.

На последниот натпревар Тимур имаше девет гола и сите ги постигна во првото полувреме. Со нив успеа да се искачи до 3. позиција, а зад себе ги остави Екберг, Ненадиќ и Ване кои имаат еден гол помалку.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ – ТОП 5

38 – Дика Мем (Барселона)

31 – Микел Хансен (ПСЖ)

30 – Тимур Дибиров (Вардар)

29 – Никлас Екберг (Кил)

29 – Петар Ненадиќ (Веспрем)

29 – Хампус Ване (Флензбург)