Дибиров: Алборг има слабости, наша задача ќе биде да го извадиме од ритам

Ракометарите на Вардар ги очекува третиот натпревар од Лигата на шампионите. По ремито со Елверум и триумфот над Мешков Брест, вардарци ќе се соочат со данскиот Алборг.

Левото крило Тимур Дибиров вели дека мора да се фати ритамот на играње во среда-сабота.

„Секоја победа ја крева екипата. Веќе заборавивме на она што одигравме. Сега мислиме само на Алборг. Бодот со Тоа Елверум го сфативме како победа бидејќи таму ќе паднат и други тимови. Во ЛШ играме со еден состав, а во домашно со друг. Тоа ме остава простор за одмор и мора да фатиме ритам. Сепак сега сме во ритам на Бундеслигата бидејќи играме среда – сабота. Јас мислам дека секоја екипа има слабост, дури и ваква како Алборг. Тие се противник од типот на Елверум, многу трчаат имаат силно темпо. Наша задача ќе биде да ги извадиме од ритам, од таа нивна комфорна зона“, вели Дибиров.

Натпреварот меѓу Вардар и Алборг се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.