Де Толедо: Проблеми постојат и не е лесно…

Европскиот шампион Вардар го очекува последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против францускиот Монпелје.

Проблемите во „црвено-црните“ редови веќе не се тајна, двајца ракометари си заминаа среде сезона (Атман во Спартак Москва и Кристопанс во Фуксе Берлин), но сите останати ќе останат до крај да ја одработат сезоната во која ја бранат титулата.

Бразилецот Жозе Де Толедо ја пропушти цела есенска полусезона, но се врати во тимот на Стевче Алушовски на средбата против Кил. Иако не е подготвен за максимални напори, сепак му помага на тимот колку што може.

Пред средбата со Монпелје се огласи на социјалните мрежи.

„Проблемите постојат и ништо не е лесно, но со решителност и упорност, можете да постигнете се. Тајната е да не се откажувате!“, напиша Де Толедо.

Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје се игра в сабота со почеток во 17:30 часот, а „црвено-црните“ ќе бркаат победа и ќе чекаат пораз на Порто кај Мешков Брест за да завршат на петтото место во групата.