ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Фленсбург по трета победа во Бундес лигата

По возбудливиот викенд, обично во понеделник има малку натпревари, па така на денешната ракометна програма ќе се игра само во неколку шампионати во Европа.

Во рамки од најквалитетната лига на светот ќе биде одигран еден дуел. Фленсбург ќе му гостува на Лемго и ќе се обиде да дојде до третата победа во новата сезона.

Лемго во досегашниот тек во Бундес лигата беше подобар од Ерланген и Вецлар, додека во првото коло доживеа пораз од Гумерзбах.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 ТУРДА – ЧСМ БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)

17:00 ТОЉАТИ – СТАВРОПОЛ (РУСИЈА)

18:00 ЗВЕНИГОРОД – ДИНАМО (РУСИЈА)

18:30 СКАНДЕРБОГ – МОРС (ДАНСКА)

19:00 ЛЕМГО – ФЛЕНСБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)

19:00 ХАМАРБИ – КАРЛСКРОНА (ШВЕДСКА)

21:30 ВАЛУР – ФХ (ИСЛАНД)