Од денеска стартуваат натпреварите на Европското првенство кое до 26 јануари ќе се игра во Австрија, Норвешка и Шведска. Вкупно 24 селекции ќе излезат на теренот во првата фаза, а за денеска се најавени четири дуели.
Први на пресметка ќе се најдат селекциите на Белорусија и Србија во Грац, како и Германија и Холандија во Трондхајм.
Ова ќе бидат две интересни средби, а веднаш потоа од 20:30 часот ќе има уште нови две така што ќе има доста интересен ракомет денеска.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
16:00ч
АДЈИФ – РОСТОВ (Русија, Супер лига, жени)
18:15ч
БЕЛОРУСИЈА – СРБИЈА (Европско првенство 2020)
ГЕРМАНИЈА – ХОЛАНДИЈА (Европско првенство 2020)
19:00ч
ХОВДЕ – СКУРУ (Шведска 1, жени)
20:30ч
ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА (Европско првенство 2020)
ШПАНИЈА – ЛЕТОНИЈА (Европско првенство 2020).