ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци на мегдан со Фуксе Берлин

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во рамки од 9. коло од Лига на Европа ќе играат против екипата на Фуксе Берлин, која е еден од главните фаворити во второто по ранг европско натпреварување.

Бундеслигашот, кој во досегашниот тек од сезоната во Лига на Европа има 100% учинок, осум победа на исто толку одиграни натпревари, во дуелот со избраниците на Ларс Валтер е голем фаворит.

Фуксе Берлин на првиот дуел протв екипата на Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа со девет гола разлика, 43:34.

Пелистерци откако во претходното коло ремизираа со Агуаш Санташ, денес ќе посакуваат да се претстават во подобро светло, да ја подобрат играта и да го покажат својот квалитет.

Во групата Д, во која се наоѓа Еурофарм Пелистер вечерва ќе се одиграат уште два дуели. Украинскиот шампион Мотор Запорожје ќе се соочи со Бидасоа, додека Архус на свој терен ќе го пречека Агуаш Санташ.

На денешните натпревари од претпоследното, 9. коло, дел од екипите ќе ја бараат последната шанса за пласман во осминафиналето.

Освен во Лига на Европа, денес ќе има натпревари во шампионатите во Данска, Полска, Словенија и Исланд.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:15 ЈАРОСЛАВ – КОБЕРЖИЦЕ (ПОЛСКА)

18:30 СИЛКЕБОРГ – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)

18:45 БАЛАТОНФУРЕДИ – СПОРТИНГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 БЕНФИКА – КАДЕТЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ФЛЕНСБУРГ – ИШТАД (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ГРАЊОЛЕРС – СКЈЕРН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 МОТОР – БИДАСОА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ПРЕШОВ – ГЕПИНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

19:00 КОПЕР – РИБНИЦА (СЛОВЕНИЈА)

19:00 СТЈАРНАН – ИБВ (ИСЛАНД)

20:15 ХОЛСТЕБРО – МИТЈИЛАНД (ДАНСКА)

20:45 ФУКСЕ БЕРЛИН – МОТОР (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 МОНПЕЛЈЕ – ВЕСПРЕМ ККФТ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 НЕКСЕ – АЛПЛА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 АРХУС – АГУАШ САНТАШ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ВАЛУР – ЕКС АН ПРОВАНС (ЛИГА НА ЕВРОПА)