Денеска на терените: Македонија вторпат на двобој против Чиле

Сениорската репрезентација на Македонија денеска по вторпат ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Чиле. Повторно средбата се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 17:30 часот, а исто како и пред некој ден повторно ќе се игра без присуство на публика.

Денеска десет репрезентации кои се дел од квалификациите за ЕП 2022 денеска ќе имаат можност за реванширање за резултатите кои беа постигнати пред неколку дена. Се играат пет средби, а Летонија, Исланд и БиХ ќе се обидат на домашен терен да им вратат на ривалите за претрпениот пораз.

Ова ќе бидат интересни дуели така што за очекување е да има возбудувања во текот на целата средба и да дојде до големо надигрување на теренот.

Според очекувањата Германија и Словенија ќе бидат фаворити и на овие дуели против Австрија и Холандија, но секогаш се можни изненадувња така што останува да се види интересен ракомет и на тие два дуели.

Кои се натпреватите што денеска се играат може да се види во продолжение.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

13:00ч

ЈАЛИКАВАК – МУРАТПАША (Европски куп, жени)

14:00ч

БИТИГХАЈМ – КРИМ МЕРКАТОР (Лига на шампиони, жени)

ДУНАРЕА – ФЛЕРИ (Лига на Европа, жени)

ТУРИНГЕР – АСТРАХАНОЧКА (Лига на Европа, жени)

ВАЦИ – ПАРИЗ (Лига на Европа, жени)

14:10ч

ЛЕТОНИЈА – ИТАЛИЈА (Квалификации за ЕП 2022)

15:00ч

ВЕНДИСЕЛ – ХОРСЕНС (Данска 1, жени)

ГРИНДСТЕД – МИТЈИЛАНД (Данска 2)

СКУРУ – Х 65 (Шведска 1, жени)

16:00ч

МЕЦ – РОСТОВ ДОН (Лига на шампиони, жени)

РАМНИЦУ ВЛЧЕА – ЃЕР (Лига на шампиони, жени)

БЕНЗАЈМ – ХАЛЕ НОЈШТАТ (Германија Бундес лига, жени)

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – РОЗЕНГАРТЕН  (Германија Бундес лига, жени)

17:00ч

ИСЛАНД – ПОРТУГАЛИЈА (Квалификации за ЕП 2022)

ФАНА – АКЕР (Норвешка 1, жени)

ОПСАЛ – ТЕРТНЕС (Норвешка 1, жени)

СОЛА – РАЛИНГЕН (Норвешка 1, жени)

ЛУГИ – ХАЈД (Шведска 1, жени)

17:30ч

МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ (Пријателска средба)

18:10ч

ГЕРМАНИЈА – АВСТРИЈА (Квалификации за ЕП 2022)

20:00ч

БИХ – ЕСТОНИЈА (Квалификации за ЕП 2022)

СЛОВЕНИЈА – ХОЛАНДИЈА (Квалификации за ЕП 2022).