Денеска на терените: Кадетите и кадетките во ист ден по полуфинале

Натпреварите на ЕХФ шампионатите во Скопје и во Клаипеда носат нови интересни дуели на кои се очекува да има многу возбудувања во последното коло од разигрувањето, а Македонија очекува две полуфиналиња.

Кадетите од 15 часот за противник ја имаат селекцијата на Полска и тука во прашање е пласманот на 2. позиција. За првото ќе треба многу висока победа што ќе биде тешко така што сега во прв план е само пласман понатаму, а тоа може единствено со победа против Полска.

Кај девојчињата, пак, ситуацијата е поинаква. Тие и со реми против Финска можат на 2. позиција и пласман во полуфиналето каде за противник ќе ја имаат или селекцијата на Полска или на Исланд. Останува да се види како ќе течат работите на терен и што ќе се случи на двете средби. Кадетките почнуваат со својот натпревар во 16 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

12:00ч

БЕЛОРУСИЈА – ТУРЦИЈА (ЕХФ шампионат за кадетки)

12:30ч

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЕСТОНИЈА

ГРУЗИЈА – ГРЦИЈА (ЕХФ шампионат за кадети)

14:00ч

ИСЛАНД – ПОЛСКА (ЕХФ шампионат за кадети)

14:15ч

ДАНСКА – НОРВЕШКА (ЕП за кадети)

14:30ч

ИСЛАНД – СЛОВЕНИЈА (ЕП за кадети)

15:00ч

МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА (ЕХФ шампионат за кадети)

ХОЛАНДИЈА – УКРАИНА (ЕХФ шампионат за кадети)

СРБИЈА – ИТАЛИЈА (ЕХФ шампионат за кадети)

16:00ч

МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА (ЕХФ шампионат за кадети)

16:15ч

ГЕРМАНИЈА – РУСИЈА (ЕП за кадети)

16:30ч

СРБИЈА – ИТАЛИЈА (ЕП за кадети)

18:00ч

БИХ – ШВАЈЦАРИЈА (ЕХФ шампионат за кадети)

ШПАНИЈА – ЛИТВАНИЈА (ЕХФ шампионат за кадети)

18:15ч

ФРАНЦИЈА – АВСТРИЈА (ЕП за кадети)

18:30ч

ШВЕДСКА – УНГАРИЈА (ЕП за кадети)

20:30ч

ХРВАТСКА – ПОРТУГАЛИЈА (ЕП за кадети)

ШПАНИЈА – ИЗРАЕЛ (ЕП за кадети)

ГРУЗИЈА – УКРАИНА (ЕХФ шампионат за кадети)