ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар пак на натпревар, Војводина следна на распоред

За ракометарите на Вардар нема да има многу пауза бидејќи веќе денеска имаат нов натпревар, а овој пат се работи за дуел од СЕХА лигата. Следува двобој со екипата на Војводина против која ќе мораат одново да дадат максимум.

Очекувањата се денеска на терен повеќе да се најдат помладите и да покажат дека можат да се носат со предизвикот односно да дојдат до позитивен резултат така што доколку сè оди според планот ова ќе биде интересен дуел.

Вардар ја пречекува Војводина од 20:15 часот, а за разлика од претходните понеделници, овој пат на програмата се далеку повеќе натпревари односно има доста содржаен понеделник на стартот од ноември.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

18:00ч

ПРОЛЕТЕР – НОВИ ПАЗАР (Србија, Супер лига)

18:30ч

ТАТРАН ПРЕШОВ – НЕКСЕ (СЕХА-лига)

18:45ч

КРИМ М. – ЗРД ЛИТИЈА (Словенија 1, жени)

19:00ч

ОНЕРЕДС – ХОВДЕ (Шведска 1, жени)

СКА ЛВОВ – ЗТР ЗАПОРОЖЈЕ (Украина, Супер лига)

19:30ч

АЕК – ДОМИДИС АРГУС (Грција 1)

20:00ч

БЈЕРИНГБРО – ГОГ (Данска 1)

ЗРИЊСКИ – ПОДРАВКА (Хрватска 1, жени)

20:15ч

ВАРДАР – ВОЈВОДИНА (СЕХА-лига)

20:30ч

СЕЛФОС – СТЈАРНАН (Исланд 1)