Делчево домаќин на Ф4 за кадетки, титулата ќе се доделува в недела

Тимот на Делчево Вардар ќе биде домаќин на завршниот турнир во женска кадетска конкуренција.

Сите четири меча ќе се одиграат в недела на 28 мај во салата „Методи Митевски Брицо“ во Делчево.

Најпрво од 11:00 часот ќе играат Ѓорче Петров и Скопје, додека два часа подоцна на мегдан ќе биде домаќинот со Стружанка.

Од 17:30 часот ќе се игра мечот за третото место, додека од 19:30 е натпреварот за титулата.