Дегој: Во Франција ќе нè очекува многу потежок натпревар од денеска

Победата во Скопје им донесе нови два бода на ракометарите на Монпелје со што сега се израмнија со Вардар според бројот на поени и имаат иста ситуација на табелаа.

Ракометарите покажаа одлична партија, а на пресот беше помошниот тренер Давид Дегој, кој имаше пофалби.

„Среќни сме што победивме во тежок натпревар и во тешка атмосфера. Овде секогаш е тешко да се игра особено да се победи поради атмосферата која ја прават навивачите. Во сите 60 минути мора да се игра умно и фокусирано и на највиско ниво. Им честитам на моите момци. Го добивме Вардар после две победи дома против Алборг и Мешков. Дојдовме со доза на стрес за овој дуел и се договоривме да ја почитуваме такитката и да играме добро. Особено после киксот во домашното првенство не смеевме да си дозоволиме уште еден. Им честитам на ракометарите од Франција во Вардар и му посакувам на Вардар среќа и во домашното првенство и во Лигата на шампионите. Очекувам да биде уште потешко на натпреварот кога против Вардар ќе играме на домашен терен“, изјави после натпреварот Дегој.

На ова се надоврза и младиот пивот, Артур Лене.

„Горд сум од победата против Вардар. Атмосферата беше фантастична и беше тешко да се игра во оваа атмосфера. Одбраната беше клучна на почетокот на натпреварот. Имавме мали проблеми на крајот на првото и почетокот на второто полувреме. Со дорба одбрана го однесовме натпреварот во сигурна завршница така што немавме проблеми да дојдеме до победа“, коментираше Лене.

Натпреварот во Франција меѓу Монпелје и Вардар ќе биде следната година. Предвиден е за 16 февруари.