„Двојка“ за Скубе на дебито за Мешков Брест

Откако белорускиот првак остана без планираните контроли против полскиот Азоти Пулави и руската ЦСКА Москва, одигра натпревар на домашен терен.

Тренерот Раул Алонсо ги подели неговите момци во две екипи, на „сини“ и „бели“, а поуспешни беа „белите“ во кои играа староседелците.

Новите засилуваља – Скубе, Врањеш, Санталов, беа во тимот на „сините“, а словенечкиот екс плејмејкер на Вардар даде два гола.

Најдобар стрелец беше несудениот вардарец Санталов, кој успеа да даде десет гола и се чини дека од него ќе доаѓа најголемата опасност во текот на оваа сезона кога е во прашање нападот на белорускиот тим.