Двократен европски првак оставен на немилост – наместо во Шабац, ќе игра во Сремска Митровица!

Ракометарите на Металопластика од Шабац реванш натпреварот против Алингсас во рамките од Европскиот куп ќе го одиграат во соседниот град, Сремска Митровица.

По скоро 42 години, Металопластика повторно е соочена да игра надвор од нејзиниот терен поради тоа што им е забранет пристап во спортската сала „Зорка“.

Ваквата ситуација за ракометниот бренд од Шабац кој два пати беше победник во Лигата на шампионите е крајно непријатна. Поради тоа, раководството на клубот одлучи влезот за овој натпревар да биде бесплатен за сите посетители.

Во првиот дуел, Алингсас триумфираше со шест гола разлика, 29:23. Реванш натпреварот е закажан за утре со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Пинки“ која има капацитет до 3000 гледачи. Победникот од овој двобој патува во второто коло од Европскиот куп.