Две засилувања во најава: Вардар следните денови може да биде посилен

Екипата на Вардар денеска забележа голема победа против тимот на Мотор Запорожје, а веќе се размислува за тоа што ќе се случува во следниот период. Сосема извесно е дека „црвено-црните“ се наоѓаат во незгодна позиција, но би можело да биде и подобро.

Тренерот на Вардар, Алушовски најави дека до крајот на преодниот рок може да има нови имиња.

„Лимитирани сме на бековска позиција. Имаме четири бека. Кукуловски е извонреден играч за свои години, но неискусен да одговори на предизвикот. Среќен сум што изборивме пласман во најдобрите 16 и искрено се надевам дека ќе донесеме два играчи  дека работите ќе се средат. Ќе биде тешко. Лимитиран е ростерот. Треба да се патува и да се игра. Ќе направиме сè што е можно да го избегнеме 6. место. Сè ќе зависи од следните денови дали ќе успееме да ангажираме некој нов играч“, рече Алушовски.

Тој смета дека никој од актуелниот состав нема да го напушти клубот и дека ќе ги има на располагање сите ракометари и понатаму.

„Се надевам дека никој нема да си замине од клубот и дека ќе останат сите ракометари кои ги имаме.Ништо не може да се гарантира, но јас се надевам дека сè ќе биде во најдобар ред“, заврши Алушовски.

Како ќе се одвиваат работите останува да се види веќе следниот викенд кога Вардар гостува во Португалија, а потоа и на 29 февруари на домашен терен против составот на Монпелје.