Двајца Македонци го освоија трофејот во СЕХА лигата (ФОТО)

Екипата на Веспрем после изведувањето на удри од седум метри дојде до титулата во СЕХА лигата, а ова значеше дека и годинава ќе има Македонци кои се радуваа на трофејот во натпреварувањето. Поточно двајца Македонци станаа освојувачи на СЕХА.

Дејан Манасков учествуваше со два гола во победата на Веспрем против ППД Загреб во финалето. Како што е веќе познато средбата заврши со 27:27 после 60 минути игра, а потоа со пенали беше одреден шампионот.

Покрај Манасков во тимот на Веспрем е и Димитар Маневски. Поранешниот физиотерапевт на Вардар и сезонава е дел од Веспрем, па и тој доби медал за сработеното на момците во финалето.

Со ова Македонија успеа да има свои претставници меѓу шампоните и годинава така што иако го немаше Вардар.