Двајца вардарци на списокот на селекторот на Полска за ЕХФ неделата

Селекторот на сениорската машка репрезентација на Полска, Патрик Ромбел, го објави списокот на ракометари за пријателските натпревари против селекцијата на Шведска, а на него се најдоа и двајца ракометари на Вардар, Патрик Валчак и Јан Чувара.

Меѓу повиканите има неколку дебитанти со цел селекторот да ги провери нивните квалитети.

Собирот на избраниците на Ромбел е закажан за 31 октомври, додека пријателските натпревари против Шведска ќе се одиграат на 4 и 6 ноември. Првиот натпревар ќе се одигра во Малме, а вториот во Кристијанштад.

Натпреварите против Шведска ќе бидат вистинска контрола за репрезентативците на Полска пред  Европското првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка во јануари.