„Да не дозволиме короната да нѐ победи во Египет“

Голем број од репрезентациите што ќе настапат на Светското првенство во Египет ќе бидат ослабени, а меѓу нив е и Шведска.

Нема да играат Нилсон, Екберг, Апелгрен, Лагерген….но на голот ќе биде Андреас Паличка, кој зборуваше за подготовките за СП и настапот на Мундијалот.

„Последните неколку месеци беа предизвик за играчите, клубовите и репрезентациите. Сигурен сум дека Светското првенство ќе биде различно, не исто како и обично од претходните години. Ние треба да сториме се што можеме, за да бидеме здрави, и да не дозволиме короната да нѐ победи. Но во секој случај, секогаш ми е чест да настапувам за репрезентацијата на Шведска “, изјави Паличка.

Шведска ќе биде во незгодна група заедно со домаќинот Египет, Чешка и селекцијата на Чиле, која подготовките ги одработува во Македонија.