„Да не бев ракометар, ќе станев алкохоличар што се влечка по улици“

Македонија вечерва ги започнува квалификациите за Европското првенство во 2022 година и прв противник ќе биде селекцијата на Финска. Во отсуство на Нико Ронберг, главната улога кај гостите ќе ја има членот на Кокс, Тему Таминен.

Лошото момче од финскиот ракомет, како што го нарекуваат тамошните медиуми, имал многу бурно детство и минато. Тој многу рано го изгубил својот татко, а тогаш го губи и вистинскит пат во животот.

Три личности се заслужни за Таминен да биде тоа што е денес, тоа се неговата мајка, тогашниот ракометен тренер и Јука Јалонен, хокеарски тренер. Сепак тој во раната младост бил доста блиску да заврши и во казнено поправен дом.

Таминен на телото има истетовирано слики од места кои го потсетуваат на неговото детство, сепак малкумина ја знаат неговата приказна и тој не е омилен кај навивачите. Често гостинските навивачи го нарекуваат со погрдни зборови.

„Често навивачите ме нарекуваат со погрдни зборови, но тие не ја знаат мојата приказна. Јас лесно можев да завршам во затвор. Престанав да играм фудбал и ракомет, почнав да пијам, направив многу глупави работи. Мајка ми секако ќе ми помогнеше но јас бев тврдоглав. Видов сè од дрога до оружје, ми се закануваа со оружје, секој ден беше преживување и не го сакав тој живот. Да не беше ракометот сега можеби ќе бев алкохоличар што се влечка по улици и автобуски станици“, рече Таминен за svenska.yle.fi.

Таминен се вратил на ракометот на 16 години и од тогаш започнува неговиот подем во финскиот ракомет. Тој игра во Кокс од повторното враќање, иако имаше понуда од Бундес лигата, од Вецлар сепак негоивот тим не дозволи трансфер.