Данска останува без пикерот: Тофт Хансен нема да игра на Мундијалот

Данскиот кружен напаѓач, Хенрик Тофт Хансен, нема да биде дел од составот на светскиот првак на Мундијалот во Египет.

Ракометарот на ПСЖ имаше позитивен тест на коронавирус пред настапот на завршниот турнир во Лигата на шампионите, па јасно е дека нема да биде подготвен за големите напори на СП.

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, го повика членот на Алборг, Бенјамин Јакобсен, кој ќе игра на пријателските средби со Норвешка пред СП.

Покрај Тофт Хансен, во Египет нема да игра ниту повредениот Расмус Лауге и Ласе Молер, а не е исклучено уште некој да отпадне по новите тестирања.

Данска е во група Д на СП заедно со Аргентина, Бахреин и Конго.