Даде гол за победа, се качи кај навивачите на трибини за да се радува (ВИДЕО)

Десниот бек од Унгарија, Доминик Мате од следното лето ќе го носи дресот на тимот на ПСЖ, а дотогаш има договор со тимот на Елверум за кој постигна клучен гол на последниот дуел против Драмен од првенството на Норвешка.

Ривалот на Вардар во групната фаза на Лигата на шампионите дојде до победа од 34:33, а Мате не знаеше како да се израдува на погодокот кој го постигна во самата завршница од средбата.

Откако го помина теренот трчајќи се качи на трибините кај навивачите, па продолжи да навива со нив. Погледнете!

Елверум е тимот со кој Вардар ја отвора сезоната во Лигата на шампионите. На 15 септември „црвено-црните“ гостуваат во Норвешка.