Давид Дејвис прозиваше: Вардар ги почна подготовките за пролетниот дел

Тимот на Вардар стартуваше со подготовките за пролетниот дел од сезоната, а на почетокот на тренинзите недостигаат само ракметарите кои ќе настапуваат на Европското првенство во Унгарија и во Словачка.

Давид Дејвис го имаше првиот тренинг со ракометарите, но дури на крајот на јануари ќе може да ги има сите на собир и да почне со трката за настапите во Лигата на шампионите, СЕХА лигата, Супер машката лига и Купот на Македонија.

Подготовките ќе бидат одработени во Скопје со оглед на тоа што тимот не може да биде комплетен, а првите официјални средби се на почетокот на февруари.

„Среќен сум што се вратив во Вардар. Го познавам јазикот, играчите, семејството добро го знае градот и едноставно ова е како враќање во вториот дом. Тие беа тука многу години и лесно се прилагодуваат. Вардар е одличемн тим, има историја, има се. Останувам тука шест месеци, ќе дадам се од себе, па потоа ќе видиме како ќе биде“, изјвува Давид Дејвис.

Тој ќе работи заедно со Недановски и Петрушевски, додека Венио Лосерт ќе пристигне на крајот од месецов.