Давид Дејвис: Не можам да замислам да играме натпревари пред празни трибини

Ракометарите на Веспрем и во новата сезона влагаат со желба за да стигнат до пласман на завршниот турнир од Лигата на шампионите. Шампионот на Унгарија и во оваа сезона има квалитетен состав така што Давид Дејвис ќе води одличен тим.

Сепак, тренерот на Веспрем, кој е поранешен стратег на „црвено-црните“ и има работено и во машката и во женската екипа, во моментов е разочаран поради тоа што на трибините ќе нема публика. Тој посакува да има гледачи за да може натпреварите да бидат далеку поинтересни и да може да се ужива.

„Сега повеќе сум внимателен отколку нервозен. Претстојната сезона ќе биде тест за секој кој е вклучен во ова. Луѓето сега немаат целосна контрола над ситуацијата. Никогаш не можам да замислам да играме натпревари без гледачи. Навивачите имаат важна улога во успехот на тимот особено кога натпреварите се играат на домашен терен. Во празна сала, играчите трошат повеќе енергија во текот на играта и многу побрзо се исцрпуваат. Сега ќе бидеме сеедно, ќе бидеме рамнодушни без разлика дали играме дома или во гости“, вели тренерот на Веспрем, Давид Дејвис.

Веспрем и годинава не е во група со Вардар. Се најде во тешка група каде се екипите на Барселона, Кил, Нант…