Гучески и Даев комбинираа 12 гола, Голден Арт лесно ја победи Македонија ЃП

Тимот на Голден Арт лесно и без поголеми проблеми стигна до третата победа во Првата лига, откако славеше над Македонија Ѓорче Петров со 33-22.

Избраниците на Никола Матлиески поведоа со 4-0, па 6-1 и веќе беше јасно дека бодовите остануваат дома. До паузата беше плус седум за Голден Арт, 18-11.

Второто полувреме беше само формалност, а гостите не можеа да парираат на расположените домаќини.

Најдобри стрелци кај Голден Арт беа Гучески со седум и Даев со пет гола, а кај Македонија ЃП се истакна Иван Никодиновски со пет погодоци, но сите од пенал.

Голден Арт промаши пет пенали, но тоа не се одрази на конечниот резултат, а судиите на овој меч досудија дури 14 исклучувања.