Грчевски ги построи бутелци, стартуваа подготовките за борба на двата фронта

Тимот на Бутел Скопје под водство на Кристијан Грчевски ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во кој бутелци ќе се борат на два фронта, суперлигашкиот плеј-оф и Купот на Македонија.

Нема никакви промени во играчкиот кадар, со кој Бутел одново ќе биде во трка за место во европските купови.

Подготовките ќе се одвиваат во Скопје, а ќе бидат одиграни и пријателски натпревари пред официјалниот старт на плеј-офот во февруари.

Првиот натпревар Бутел Скопје го игра на домашен терен против еден од кандидатите за шампионската титула, Еурофарм Пелистер.