Горан Печенковски заминува од Бутел Скопје

После четири години соработка играчот кој беше лидер во нападот на Бутел Скопје, Горан Печенковски си заминува од оваа екипа.

Тој не го продолжи договорот со тимот кој финишираше на 5. позиција во плеј-офот од Супер машката лига така што сега може да се очекува името на клубот во кој ќе ја продолжи својата кариера.

Печенковски дојде во Бутел Скопје од Металург и беше играч кој донесе искуство и идеја плус во организацијата на нападот. Тој беше ракометарот кој ги предводеше своите колеги.

Ова значи дека Бутел Скопје ќе мора да си најде брза замена за да има време од почетокот на подготовките за новата сезона неговиот наследник да се уигра со колегите.

Клубот претходно ги донесе Денис Тот и Градимир Чаневски, а ги продолжи договорите со Јевтиќ и Младеновски.