Горан Перковац го напушти Луцерн

На една година пред истекот на договорот Горан Перковац ќе го напушти Криенс Луцерн.

Од Луцерн си заминува на крајот на оваа сезона која не е успешна за швајцарскиот клуб како некој претходни, во овој момент се наоѓаат на осмото место во домашниот шампионат.

Хрватскиот стратег го презема Луцерн во 2018 година и многу брзо успеа да стигне до евросцената. Меѓутоа оваа година не му оди добро во домашниот шампионат, а екипата беше елиминирана и од националниот Куп. Затоа менаџментот на клубот одлучи од наредната сезона екипата да добие нов тренер. Засега не е познато кој ќе биде наследниот на Перковац.

Поранешниот олимписки шампион со Хрватска од 1996 година тренерското име го изгради во Швајцарија каде што освојуваше титули со Фади Винтертур и Кадетен Шафхаузен. Јаводеше и репрезентацијата на Швајцарија, а имаше и кратки епизоди во Германија во Минден и Либек.