Голужа го испи кафето на Широк Сокак – го пречекаа две македонски легенди (ФОТО)

Тимот на Еурофарм Пелистер вечерва ќе игра со Татран Прешов во рамките на регионалната СЕХА лига, а словачкиот од вчера е во Македонија.

Тренерот Славко Голужа, кој многу пати има гостувано во Битола, денеска имаше топло добредојде од двете македонски легенди, Иван Марковски и Бранко Ангеловски.

Ангеловски и Марковски беа една полусезона заедно во Загреб, а таму се разминаа со Голужа, но тренерот на Татран и нашето десно крило настапуваа заедно за Метковиќ Јамбо.

Со кафето на Широк Сокак, хрватскиот тренер се загреа за вечерашниот натпревар со „фармацевтите“ што се игра од 17:45 часот.