Голман мина цел терен и стрелаше во противничкиот гол (ВИДЕО)

Во натпревар од шампионатот на Русија, голманот на Акбузат, Едуард Максутов успеа да се запише во листата на стрелците и да стане вистински хит на социјалните мрежи во ,,зборнаја”.

Иако ЦСКА Москва го доби дуелот против Акбузат со 12 гола разлика, 39:27, сепак, победата на московска екипа остана во сенка поради Максутов.

Гостинскиот голман одлично си ја заврши работата меѓу стативите и внимателно ја следеше секоја акција на својата екипа.

Откако домаќините во еден напад се одбранија и сакаа да реализираат од контра, Максутов беше целосно концентриран, ја пресече топката и ја мина целата одбрана, по што успешно реализираше во домашната мрежа.