Периќ ги засили редовите на Црвена Звезда

Амбициозниот тим на Црена Звезда продолжува да го комплетира тимот за новата сезона, во која ќе влезе со амбиции за освојување на шампионската титула на домашна сцена.

Раководството на клубот го претстави и новото засилување. Станува збор за младиот голман, Никола Периќ, кој е син на прославениот српски репрезентативец и екс тренер на голманите на Вардар, Дејан Периќ. Двете страни се договорија на тригодишна соработка.

Никола, моментално, со репрезентацијата на Србија учествува на Европското младинско првенство во Португалија и со своите репрезентативни колеги имаат голема шанса да направат голем успех на младинскиот континентален собир.

18 годишниот голман во Црвена Звезда ќе работи со Жељко Хорњак, познат ракометен голман, кој од новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Ратко Ѓурковиќ. На голманската позиција ќе настапуваат и Јанко Гемаљевиќ и Димитрија Јелиќ.

Периќ во својата кариера настапуваше за Динамо Панчево и со своите одлични партии меѓу стативите беше на радарот на неколку суперлигашки екипи од Србија, но младиот голман се одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Црвена Звезда, клуб во кој своевремено настапуваше и неговиот татко.