Голем удар за Чаир – без најдобриот стрелец до крајот на сезоната!

Ракометарката на Чаир, Анастасија Николовска, ја очекува долга пауза од ракометните терени. Најдобриот стрелец на тимот се здоби со повреда за време на ракометен турнир во Косово, а лекарскиот тим утврди дека поради скинати лигаменти мора да оди на операција.

Николовска освен натпреварите од Супер лигата ќе ги пропушти и квалификациските натпревари на репрезентацијата за обезбедување бараж место за престојното Светско првенство во Шпанија.

Младата репрезентативка на Македонија ќе се оперира следната недела и после операцијата ја очекува период на рехабилитација. Нејзиното враќање во ракометот се очекува следната сезона.

Екипата на Чаир се наоѓа на 3. позиција на табелата со 33 бодови, но ќе мора без Николовска во најважните битки во Женската лига и во Купот на Македонија.