Голем интерес за Македонија, Чесите пуштаат уште билети во продажба

Репрезентацијата на Македонија наскоро ја очекува последната пречка пред пласманот на Светското првенство наредната година, противник во финалниот бараж ќе ни биде селекцијата на Чешка.

После победата против Романија во домечот со Чешка ќе се сретнеме на 13-ти април во Злин, а на 17-ти ќе бидеме домаќини во реваншот. Денес Ракометната федерација на Чешка објави дека билетите за натпреварот со Македонија се распродадени и во продажба ќе бидат пуштени дополнителни 260 билети.

Очекувањата се и овие билети да бидат експресно распродадени, очигледно Чесите веруваат во својата репрезентација и се надеваат на позитивен исход.