Големо засилување за Келце пред дербито со Веспрем, Кулеш се враќа на терен

Составот на Келце ќе биде засилен со белорускиот бомбардер Владислав Кулеш за натпреварот против Веспрем кој е на програмата во четврток, пренесува emkielce.pl.

Белорусинот не влезе во игра на натпреварите против Мотор Запорожје и Калиш поради проблеми со грбот.

„Кулеш тренераше во понеделникот и се обидовме да работиме повеќе со него во одбраната. Ако може нормално да тренира во вторник, тогаш ќе оди со нас во Унгарија“, изјави кормиларот на Киелце, Талант Дуишебаев.

Почетокот на натпреварот Васпрем-Келце е закажан од 18:45 во „Веспрем Арена“. Правдата на дерби натпреварот од 13.коло ќе ги делат најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.