Големата надеж на Исланд пред потпис со Рајн Некар

Еден од најголемите перспективни ракометари од Исланд, Арнор Оскарсон се наоѓа пред трансфер во Рајн Некар, пренесува „RTH Handball“.

Членот на Валур настапува на позицијата десен бек и во досегашниот тек од Лига на Европа има постигнато 62 погодоци.

Со одличните настапи во второто по квалитет европско натпреварување го привлече вниманието на многу клубови, но најблиски до неговиот потпис е клубот од Манхјам.

Исланѓанецот најверојатно ќе биде замена за Албин Лагергрен, кој на лето ќе го напушти Рајн Некар и ќе се пресели во редовите на Магдебург.