Голден Арт се прошета низ Штип и го наполни голот на Текстилец

Ракометарите на Голден Арт имаа лесен натпревар во 16. коло од групата Б во Првата лига и на гостувањето кај Текстилец во Штип забележaa многу убедлив триумф од 11:35.

Победникот на натпреварот беше решен уште во почетната фаза, Голден Арт го отвори дуелот со водство од 1:11. Текстилец имаше многу проблеми со реализација на нападите, домаќините вториот гол го постигнаа во 16. минута а до полуврмето само петпати ја погодија противничката мрежа.

Голден Арт играше многу лесно и без да вложува голем напор сигурно го водеше напреварот до нов триумф. На полувремето гостинската екипа имаше предност од 5:20. Во продолжението ништо не се смени на теренот, Текстилец беше немоќен, а Голден Арт рутински освои нови три бода.

Најефикасен во победничкиот тим беше Симон Гучески со шест гола, пет постигна Христијан Милошески, а четири постигна Стефан Колоски. Во тимот на Текстилец по три гола постигнаа Милисав Петров и Никола Јованов.