Тимот на Голден Арт го доживеа првиот пораз оваа сезона во Првата лига, откако загуби на гостувањето кај Јуниор Кисела Вода со 30-25.
Гостите на социјалните мрежи објавија реакција по повод случувањата на теренот во Кисела Вода, бидејќи се незадоволни од делењето на правдата на меѓународните судии, Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат на оваа средба беше Марјан Огњановски.
Објавата на Голден Арт ви ја пренесуваме во целост.
„Прв пораз за Голден Арт во есенската полусезона во дерби натпреварот на гостински терен против Јуниор КВ. Натпреварот го стартувавме според планот и веќе по десетина минути веќе имавме солидна разлика пет поени разлика, а на семафорот стоеше резултатот 5:10. По тајмаутот на гостинскиот тренер нашиот напад направи неколку грешки, а домаќините ја подигнаа играта во одбрана, која на моменти беше груба и не санкционирана од денес, недостојни на дерби натпревар, судии кои тенденциозно и неквалитетно ја вршеа својата работа. Во одбрана Голден Арт остана и без Колоски како играч кој игра на позициите три и четири, а од претходно нашиот тим го нема во ростерот Мандиќ. Од тие причини нашиот шеф на стручнен штаб, Матлиески, мораше да ја менува формацијата во 5-1 што домаќинот знаеше да го искористи. Натпреварот влезе во резултатски егал, при што домаќинот беше тој што диктираше резултатот, а нашиот тим бркаше негатива. Во неколку клучни моменти, кога натпреварот се решаваше делегатот и судиите донесоа неколку скандалозни одлуки и со тоа му наштетија на самиот дуел. Натпреварот заврши со резултат 30:25 (15:14) правејќи ја борбата за врвот на првата македонска ракометна лига уште понеизвесен.Голден Арт ќе поднесе жалба до надлежните институции за материјална повреда на правилата, иако како клуб сме свесни за исходот од истата.Му честитаме на домаќинот за фер и корекниот прием и за победата. Нашиот следен противник е Металург РА“, се вели во соопштението на Голден Арт.
Голден Арт падна во Кисела Вода, Јуниор се вклучи во битката за врвот