Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Охрид и Металург (ЛИНК)

Денеска и утре се игра претпоследното 17. коло во машката Суперлига, по кое нема да има никакви поголеми промени на табелата.

Веќе се знаат сите учесници во плеј-офот, каде што не се пренесуваат бодови, за разлика од плеј-аутот, каде екипите во овие две кола можат да соберат уште некој бод против директните конкуренти што ќе се пренесе во следната фаза.

Дербито во Охрид во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се игра без публика, а ќе започне во 18:00 часот.

Можете да го гледате на следниот ЛИНК.