Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Работнички и Радовиш (ЛИНК)

Викендов веќе се одиграа четири меча од 16 коло во Суперлигата, а очекувани победи забележаа фаворитите.

Бутел Скопје и Пролет ги победија на гостински терен Металур 2 и Вардар Јуниор, додека Металург и Охрид на домашен терен беа подобри од Еурофарм Пелистер 2 и Струга.

Единствен натпревар од ова коло, на кој победата ќе биде значајна за некој од двата тима е меѓу Работнички и Радовиш, бидејќи и двете екипи ќе играат во плеј-аут, а таму бодовите се пренесуваат.

Натпреварот започнува во 16:30 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК.