Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Пролет и Вардар Јуниор (ЛИНК)

Денеска започнува 16 коло од регуларниот дел на сезоната во Суперлигата со два натпревари во Скопје.

Тимот на Пролет, кој во минатото коло го потврди пласманот во разигрувањето за титулата, на домашен терен го пречекува Вардар Јуниор.

Младите вардарци забележаа пресврт победа над директниот конкурент за опстанок Металург 2, па овој натпревар со Пролет го очекуваат без притисок.

Натпреварот меѓу Пролет и Вардар Јуниор се игра во салата „Македонско Сонце“, со почеток во 18:30 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК.