Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Охрид и Струга (ЛИНК)

Со двете одиграни средби вчера на кои фаворитите Бутел Скопје и Пролет остварија победи, денеска продолжуваат натпреварите од 16 коло во Суперлигата.

Тимот на Охрид во локалниот двобој ја пречекува екипата на Струга. Иако двете екипи ќе продолжат во различни конкуренции и натпреварот не е важен, тоа не значи дека ќе недостигаат возбудувањата.

Стружани се посилни во споредба со финишот на есенската полусезона, а охриѓани загубија вторпат оваа сезона минатото коло против Бутел, па ќе се сакаат да се „извадат“ пред своја публика.

Натпреварот започнува од 19:00 часот, се игра во салата во СРЦ „Билјанини Извори“, а може да го гледате на следниот ЛИНК.